Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одложи стартот на пролетната полусезона во двете Втори лиги. Место во сабота на 3 март второлигашите силите на терените ширум Македонија ќе ги одмерат во вторник на 6 март.

– Со оглед на временските неприлики и лошата состојба на терените одлучивме да се пролонгира почетокот на пролетната полусезона во двете Втори лиги. – стои во соопштението од ФФМ потпишано од Васко Дојчиновски.

ФФМ ги одложи мечевите од вондредното коло од Првата лига кое требаше да се одигра на 28 февруари, а најверојатно ќе се пролонгира и почеток на Третата лига која треба да започне викендов.

Фото: Архива
OhridNews