Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија, Миле Спиркоски врз основа на записниците и материјалите одлучи неодиграниот натпревар од 4 коло на Првата лига помеѓу Ф.К. “Хоризонт – Турново” – Турново и Ф.К. “Вардар” – Скопје да го регистрира со службен резултат 3 : 0.

Во терминот за одигрување на натпреварот и по чекање од 30 минути од определениот термин за одигрување на натпреварот, од страна на делегатот и судиската четворка констатирано е дека гостинската екипа не се појави на теренот, по што е направен записникот на натпреварот.

Извор “ФФМ”
Ohridnews