Фудбалската Федерација на Македонија и УЕФА во насока на подобрување на квалитетот во женскиот фудбал во Македонија уште еднаш се вклучуваат во заеднички проект за развој на овој сергмент од фудбалската игра.
За таа цел и овој пат во проектот Развој на фудбалски тренери (жени) ФФМ и УЕФА се договорија да финансираат жени-тренери кои се заинтересирани за едукација за добивање на УЕФА Б Диплома. Во склоп на оваа акција, УЕФА ќе ги покрие трошоците за курсот и спортска опрема додека ФФМ ќе ги покрие трошоците за сместување и едукативни материјали.
Ги информриаме сите заинтересирани за пријавување во овој проект дека за пријавување кандидатките задолжително мора да ги исполнат општите услови за упис на УЕФА Б Диплома:
– Возраст најмалку 22 години, (копија од лична карта или пасош)
– Најмалку средно образование (копија од диплома)
– Најмалку 4 години фудбалски стаж како играч на сениорско ниво (потврда од фудбалски клуб-проверка во комет систем)
– Лекарско уверение или важечка потврда од спортска медицина
– Две слики
– Пополнета апликација, во прилог на оваа вест
Рокот за доставување документи за овие кандидатки е заклучно со 21 Септември 2018 до Центар за Едуакција на ФФМ.
Повеќе информации во врска со овој проект може да се добијат на мејл: [email protected].
„ФФМ“
OhridNews