Fудбалската федерација на Македонија и Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на пресконференција истакнаа дека заедно ќе се борат против најголемото зло на фудбалот, местењето на натпревари.


– Чест ми е што ние сме први домаќини на еден ваков регионален семинар на УЕФА, кој ја отвара една од најважните тематики во светот на фудбалот во моментов – борбата против најголемото зло, местењето натпревари – рече Ѓоргиоски и дополни – Ние сме задоволни што и државата ги активира своите механизми за борба против оваа несакана појава, па кај нас е донесен закон за борба против местењето натпревари и насилството во спортот според кој се предвидени и затворски казни од пет до 10 години. Тоа веруваме дека во голема мера ќе допринесе за намалување на негативните случувања во фудбалот.

Преставници на УЕФА на собирот во Скопје беа одговорниот за таквата тематика Грем Пекер и координаторот Урс Клусер.

– Го одбравме Скопје за овој прв семинар затоа што имаме одлична логистика. Навистина наидовме на одличен прием од ФФМ. УЕФА е задоволна од кампањата ’100% фудбал’ на ФФМ. Веруваме дека тоа е чекорот за вистинска едукација против појавените зла во фудбалската игра. Ние не сметаме дека овој регион има посебен проблем со местењето натпревари, затоа што всушност тоа е глобален проблем. А, всушност најголемите проблеми се надвор од европскиот континент“ – истакна Пекер, на кого се дополни и Урс Клусер.

„УЕФА сериозно се зафаќа со решавање на овој проблем. Подготвени сме за поддршка на националните федерации како во континуитет би се застанало на патот на ова зло“ – рече Клусер.

Ohridnews
Извор “Екипа.мк“