ФФМ им го честита историскиот успех на кошаркарите
15.09.11 14:58
Големиот успех на македонската кошарка на ЕП во Литванија е голем ден и за нашиот спорт а воопшто и за македонската држава. Во цела Европа гордо одекнува името Македонија и победите што кошаркарските херои ги остваруваат против големите тимови како Литванија, Грција, Хрватска…
Сите ние во фудбалскиот спорт сме пресреќни и радосни по синоќешната историска победа против домаќинот на првенството, и по пласманот во полуфиналето Вам „македонски херои” Ви посакуваме да продолжите во истиот ритам до крајот на шампионатот.
Големото срце што кошаркарите го оставаат на терен, борбеноста, желбата и пред се самоувереноста во дуелите со фаворитите се пример за сите спортисти- како треба да се игра за националниот тим и да се бранат боите на Македонија. Убедени сме дека Вашиот пример во иднина ќе го следат и фудбалерите, ракометарите, одбојкарите, тенисерите….
Покажавте и докажавте дека Македонија може, Македонија знае… Македонија постои. Докажавте и дека спортот е Амбасадор број еден на нашата мала држава и со желба во наредните денови кошаркарската репрезентација на Македонија да го продолжи патот на успесите, Ви го честитаме овој историски успех во името на бројната фудбалска фамилија и Ви посакуваме да се искачите на највисокиот трон на пиедесталот бидејќи со прикажаната игра, квалитетот, мудроста што ја поседувате заедно со стручниот штаб и комплетното раководство, тоа го заслужувате.
Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар сите ја знаеме големината на Вардар, но ние работиме, анализираме, се подготвуваме, вели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески Се надевам на уште еден пози...
Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред саботниот меч ...
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани Вардар е добра екипа со физички силни играчи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.