Фудбалската федерација на Македонија ја потврди одлуката за Фудбалскиот
клуб Охрид 2004 дека од наредната сезона се преселува во најнизок ранг.
Охриѓани
од следната сезона ќе се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига
откако дисциплинците од ФФМ го суспендираа охридскиот второлигаш поради
неодигрување на вториот дел од мечот со Скопје.
За “рибарите“ ова
беше втор жолт картон, автоматски црвен. Првиот го заработија една рунда претходно кога
без наведена причина не отпатуваа на гостувањето во Скопје кај
Локомотива.
За две години фудбалот во Охрид од небесните височини
се спушти на дното. Колку време ќе помине за охридскиот фудбал да се
консолидира и врати на старите патеки останува да видиме, до тогаш во
Охрид фудбал ќе нема.