
ФФМ во 2016 година после серијата лоши резултати одлучи да ги стопира активностите на Женската репрезентација и да не ја пријави во квалификациите за СП 2019 година.
УО на ФФМ го прифати предложениот проект за развој на женскиот младински фудбал и формирање на лига во млади категории за девојчиња која ќе започне од следната натпреварувачка сезона.
Охрид како град своевремено во името на Женскиот клуб „Билјанини Извори“ имаше првак на Македонија кој сезона подоцна учествуваше во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.
OhridNews











