“Фудбалската федерација на Македонија преку Дисциплинската комисија поведе дисциплинска постапка против Ф.К Охрид 2004 и фудбалерите кои се наоѓале на теренот во 89 минута на натпреварот со Ф.К Вардар 1947, а поради неспортско однесување кон противничката екипа.Се задолжуваат ФК Охрид 2004 и фудбалерите да достават писмена изјава во врска со настанот што се случил во 89 минута од натпреварот“.


Ова стои во извештајот од Одлуките на дисциплинската комисија на ФФМ, кој беше донесен по состанокот на комисијата. Ваквиот случај сигурно е за прв пат во Македонија да се поведе постапка против фудбалери на еден натпревар кои не се залагале, и според федерацијата неспортски се однесувале.

Ваквиот потег не е прв за охридскиот тим сезонава, на мечот со Тетекс, фудбалерите на Охрид не задоволни од случувањата во клубот, во знак на револт на стартот на мечот исто така статираа. Но тогаш “тетовци“ се покажаа како многу поголеми џентлмени од момците од “градот убав“ па додека охриѓани седеа, се додаваа меѓу себе не напаѓајќи го противничкиот гол.

Тоа не беше случај со “црвено-црните“ тие својата моќ ја покажаа кога охриѓани стоеа, бидејќи единствно така можеа да дојдат до чиста ситуација за да постигнат погодок.

Револтот на “рибарите“ на судиските одлуки беше силен, а дека охриѓани беа во потполно право покажува и снимката од мечот.

Дали и во иднина кога некоја фудбалска екипа нема да ја исфрли топката во аут, кога некој од противничките фудбалери се превиткува на теренот ФФМ ќе поведе дисциплинска постапка.

Ohridnews