Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за вонредна седница на 1 септември на која ќе биде одбран новиот предводник на ФФМ.
Од ФФМ соопштија дека местото и времето на одржување на вонредната изборна седница на Генералното собрание дополнително ќе биде одредено.
Пред десетина дена Илчо Ѓорѓиоски се повлече од претседателската функција во ФФМ и одлучи кариерата да ја продолжи во Европската фудбалска унија (УЕФА).
OhridNews