ФФМ, како и целокупната македонска јавност е загрижена за последиците од последниот настан на плоштадот Македонија, во саботата, кога се случи инцидент во кој, како што информираа сите медиуми се вмешани фудбалски навивачи.

Иако овој инцидент се случи надвор од фудбалските стадиони како што тоа се случи и во населбата Нерези есента, ФФМ будно ќе ги следи официјалните информации од МВР и доколку е потребно ќе преземе дополнителни мерки за спречување на прелевањето на овие инциденти на фудбалските стадиони.

ФФМ апелира до органите за безбедност да ги откријат сторителите на овој инцидент и да се преземат сите мерки за нивно санкционирање бидејќи секое затскривање на виновниците ќе го охрабри насилното и хулиганско однесување во иднина.

Ohridnews