Фудбалската федерација на Македонија на официјалната интернет страна објави конкурс за селектори за националните селекции до 13, 15, 17 и 19 години. Еден тренер да конкурира за селектор на овие национални состави треба да ги поседува следниве критериуми.


– Да поседува најмалку УЕФА А тренерска диплома.

– Потврда за најмалку 5 (пет) години стаж како тренер со соодветна диплома издадена од ФФМ.

– Потврда дека не е осудуван;

– Потврда дека во моментот на аплицирање нема активна дисциплинска мерка изречена од страна на дисциплински орган на ФФМ.

– Да има програма за работа за периодот за кој се избира со предлог очекувани резултати.

– Да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини.

– Да има познавање на еден светски јазик на задоволително ниво, што го докажува со диплома од институција овластена за таква дејност.

– Потврда за постигнати резултати во неговата тренерска кариера.

– Лекарско уверение издадено од специјализирана здравствена установа (завод за спортска медицина и сл.)

Ангажирањето на лицата ќе биде регулирано со меѓусебен договор помеѓу ФФМ и избраниот Селектор со траење од 2 (две) години.

За аплицирање за селекторските места на националните селекции до 13, 15, 17, 19 години кликнете тука.

Ohridnews