Фудбалската федерација на Македонија преку својата веб страна ги информираше  фудбалските клубови за потребните чекори за регистрација во акционерско друштво.


Согласно одредбите од Закон за спорт и измените од законот:

1. Собранието на Фудбалскиот клуб донесува Одлука за утврдување на основачи (финансиери, спонзори, донатори и сл.) на Акционерско друштво, која се носи со двотретинско мнозинство и во која:

– поименично се наведуваат основачите и кој основач со колкав основачки влог учествува во Акционерско друштво (минимумот е 25.000 евра).

– се утврдува начинот на неговото основање, номиналниот износ на акциите; бројот на акциите; управувањето со друштвото и други работи утврдени во Законот за трговски друштва.

2. Основачите утврдени во Одлуката на Собранието на клубот носат одлука за основање на акционерско друштво (ако се повеќе основачи носат одлуки со истоветен текст), во која ги наведуваат сите потребни работи согласно Закон за трговски друштва.

3. Основачите изработуваат статут на Акционерско друштво во кој поблиску ќе се уредат фирмата и седиштето; предметот на работењето на Друштвото; основачите; износот на основната главнина; номиналниот износ на акциите; бројот на акциите; управувањето со друштвото (органите на управување и нивните имиња); како и ги наведуваат конкретните работи потребни за регулирање на меѓусебните односи.

4. Основачите свикуваат собрание на акционери (задолжително присуство на нотар) на кое ги носат потребните акти предвидени во законот и ги избираат органот на управување-одбор на Директори и слично. (Централен регистар на Македонија дава список со потребните документи кои се доставуваат со пријавата)

5. Се уплатува основачкиот влог на времена сметка на банка што ја одбира спортското друштво, се уплатува таксата за пријава во централен регистар и уплатите се доставуваат заедно со пријавата.

Ohridnews