Три дена остануваат до најголемиот спортски настан кој го организира Македонија, Суперкупот на УЕФА поемѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Натпреварот ќе се одигра на 8 август во 20:45 часот на Националната „Телеком арена“.
Во пресрет на Суперкупот, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави неколку корисни информации за фановите кои имаат обезбедено билети за натпреварот.
– Планирајте на натпревар да дојдете најмалку еден час и 30. минути порано со цел побрзо и поедноставно да дојдете до вашето седиште. По можност избегнувајте транспорт со автомобил, или пак истиот паркирајте го на поголема оддалеченост од Националната арена „Филип Втори“. Веројатно е повеќе од неопходно да ги наполнете батериите на вашиот мобилен телефон, бидејќи ќе имате можност да направите уникатни фотографии и видео материјали кои ќе ви останат за цел живот. Очигледно дека времето ќе биде топло, така што предходно добро освежете се и секако на полувреме планирајте дополнителен пијалок со пријателите (стадионот е опремен со доволен број на штандови за храна и пијалоци кои ќе ви бидат на располагање). Ако сакате цел ден да ја почувствувате фудбалската треска многу порано во текот на денот приклучете се на фан зоните на клубовите. Навивачите на Манчестер се собираат околу споменикот на „Мајка Тереза“, додека на Реал Мадрид ќе бидат на плоштадот „Филип Втори. – стои во соопштението кое ФФМ го охави на својата интернет страница.
OhridNews