Сезоната 2017 веќе поодамна е завршена и комплетно сите мисли се насочени на следната. FIA го потврди календарот за 2018 година, само ГН на Бахреин не е потврден датум. Ново е тоа што во следната година ќе ја гледаме ГН на Франција додека отпадна ГН на Малезија.

Што се однесува за тимовите и тука скоро е све познато. Остана уште Вилијамс да го потврди тимскиот колега на Ленс Строл. Голем дел од тимовите ја задржаа истата постава. Измена направи Заубер, немсто Паскал Верлејн го нагажира Шарл Леклер. Торо Росо во текот на оваа година менуваше возачи, а новата ќе ја започне со оние кои ја завршија годинашната сезона.


FIA ги утврди и термините за тестирање кои ќе бидат во Барселона на крајот од месец февруари и почеток на март, на средината од март и мај, а во летниот период тестирањата ќе се одвиваат на Хунгароринг патеката.

OhridNews