Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го потврди календарот на трките во Формула 1, за 2014 година. Од првичниот план, од календарот, отпаднаа трките во Јужна Кореа, САД (Њу Џерси) и Мексико.

Иднината на трката во Њу Џерси и понатаму е под знак прашалник, откако втора година по ред е одложен нејзиниот влез во календарот.
Од следната година во календарот се врати трката во Австрија, додека за првпат во историјата ќе се вози трка на руска почва.
Сезоната ќе започне на 16.март со трката за Големата награда на Австралија, а ќе заврши во Абу Даби на 23.ноември, вкупно ќе се возат 19 трки.
Распоред на трките за 2014 година:
16.март: Австралија
30.март: Малезија
6.април: Бахреин
20.април: Кина
11.мај: Шпанија
25.мај: Монако
8.јуни: Канада
22.јуни Австрија
6.јули: Велика Британија
20.јули: Германија
27.јули: Унгарија
24.август: Белгија
7.септември: Италија
21.септември: Сингапур
5.октомври: Јапонија
12.октомври: Русија
2.ноември: САД
9.ноември: Бразил
23.ноември: Абу Даби.
„Макфакс“










