Владеачкото тело и официцијално ги потврди измените на стартот на поголем дел од европските трки за 70 минути подоцна.

Како што беше во најава FIA конечно потврди дека старот на трката во F1 е поместен за повеќе од еден сат покасно. Досега како забетониран беше терминот во 14 часот, но сега се додават 60 минути плус 10 минути наменети за ТВ куќите за емитување на реклами и да се спремат за почетокот на трката.

Промената на стартот на трката ќе влијае и на стартот на тренинзите во петок, па наместо во 10 часот ќе се стартува во 11, а истото ќе важи и за втората сесија. Сепак третиот тренинг кој се вози во сабота останува во ист термин но квалификациите се закажани за 15 часот( наместо како до сега во 14).

OhridNews