На ЕП во кошарка во 2011 година наместо досегашните 16, учество ќе земат 24 национални селекции. Оваа одлука, во Истанбул ја донесе Извршниот одбор на ФИБА Европа.

„Одлуката е резултат на брзиот развој на европската кошарка. Најдобар пример за тоа е фактот, дека девет репрезентации од Европа изборија пласман во осминафиналето на СП“, рече генералниот секретар на ФИБА, Нар Заролин.

Ова значи дека селекциите кои не успеаа низ квалификациите да стигнат до ЕП во Литванија, ќе имаат можност низ дополнителни квалификации да изборат настап на шампионатот. Истата одлука важи и за ЕП кое ќе се организира во 2013 година.

Македонската кошаркарска репрезентација низ квалификациите веќе избори пласман на континенталниот собир во Литванија следната година.

Извор “Макфакс“
Ohridnews