Светската куќа на фудбалот хрватскиот репрезентативец Јосип Шимунуќ го суспендираше десет натпревар за непримерното скандирање по завршување на мечот меѓу Хрватска – Исланд во баражот за мундијалот во Бразил.

Тогаш пред своите гледачи „коцкастите“ го совладаа Исланд и обезбедија пласман на завршницата од Светското првенство, а Шимуниќ со микрофон во рацете се упати кон публиката. Покрај суспензијата Хрватот ќе мора да плати 30 000 швајцарски франци.

Марио Манџукиќ, кој на истиот натпревар заработи директен црвен картон ќе паузира еден натпревар и ќе пропушти првиот меч на СП. Хрватска во групата на мундијалот во Бразил се наоѓа со домаќинот, Meksiko i Kamerun.

Мх.П.