Дуото на Барселона, Лионел Меси, Чави Хернандез и асот на “кралевите“ Кристијано Роналдо се тројцата номинирани за фудбалер на годината од ФИФА. Аргентинецот Меси ќе ја брани круната откако два пати во низа му завршува во неговите раце.

Лионел Меси ќе конкурира за уште една награда за најдобар гол, неговиот погодок со Арсенал битка ќе бие со Вејн Руни против Манчестер Сити и Нејмар против Фламенго

Гала церемонијата ќе се одржи на 9 јануар во Цирих.  

Мх.П.