Светската фудбалска куќа ФИФА ги објави фудбалерите кои ќе конкурираат за златната топка. Исто така ФИФА ги обелодени кандидатите за тренер на годината.


Од 23-та фудбалери кои се најдоа на списокот се издвојуват бранителот на трофејот Лионел Меси и португалецот Кристијано Роналдо. Тивко и од сенка смеките на овие двајца вонсериски фудбалери може да им ги помати Андрес Иниеста кој во оваа конкуренција триумфираше за најдобар фудбалер на Европа.

Фудбалери кои конкурираат за златната топка :  Серхио Агуеро, Марио Балотели, Карим Бензема, Џајнлујџи Буфон, Серхио Бускетс, Икер Касиљас, Дидиер Дрогба, Радамел Фалкао, Златан Ибрахимовиќ, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Мануел Нојер, Нејмар, Месут Озил, Џерард Пике, Андреа Пирло, Серхио Рамос, Кристијано Роналдо, Вејн Руни, Јаја Туре, Робин ван Перси, Чаби Алонсо и Чави Хернандез.

Тренери кои се номинирани за најдобар стратег : Винсент дел Боске, Роберто Ди Матео, Сер Алекс Фергусон, Пеп Гвардиола, Хуп Хејнкенс, Јигрен Клоп, Јоаким Лев, Роберто Манчини, Жозе Мурињо и Чезаре Прандели.

Финилната церемонија на ФИФА е закажана на 7 јануар 2013 година.

Мх.П.