Седуммина фудбалери на актуелниот светски првак Шпанија се номинирани за престижната награда на ФИФА – играч на годината.
Во трка за наградата се наоѓаат вкупно 23-ца фудбалери, покрај Шпанија најмногу фудбалери на листата има од Германија, петмина: Швајнштајгер, Клосе, Озил, Милер и Лам. Кога се во прашање тимовите најзастапена е Барселона со петмина фудбалери: Дани Алвеш, Иниеста, Чави, Пујол и Меси.
Останати номинирани: Кристијано Роналдо (Португалија); Чаби Алонсо, Икер Касиљас и Сеск Фабрегас (Шпанија), Дидие Дрогба (Брегот на Слоновата Коска), Самуел Ето (Камерун), Диего Форлан (Уругвај), Асамоа Гијан (Гана), Аријан Робен и Весли Снајдер (Холандија), Маикон и Жулио Цезар (Бразил).
Првичниот список на ФИФА ќе биде скратен на 6 декември, името на лауреатот ќе биде објавено на гала вечерта која ќе се одржи на 10 јануари следната година. Од минатата година ФИФА и Франс фудбал заеднички ја доделуваат наградата, минатогодишниот победник е Лионел Меси.
Најдобриот играч на светот за 2010 година ќе биде избран со гласовите на новинарите, селекторите и капитените на националните тимови. Наградата за најдобар играч на светот за прв пат е доделена во 1956 година.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...