Светската куќа на фудбалот ФИФА ги објави номинациите за најдобар фудалер, најдобра фудбалерка, најдобар тренер и најубав гол.


Најмногу внимание привлече номицијата за “златната топка“. На кратката листа се најдоа фудбалерот на Барселона Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Андрес Иниеста.

Како тивок фаворит се издвојува Лионел Меси, но ништо помал учинок сезонава немаше и Кристијано Роналдо додека Иниеста со репрезентацијата на Шпанија се искачи на европскиот трон.

Кај тренерите за најдобар ќе конкурираат селекторот на шпанската репрезентација Винсент дел Боске, Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

Во конкуренцијата кај фудбалерките фаворит е бразилската репрезентативка Марта која е шесткратен носител на наградата. Останатите кандидатки за престажнита награда се американките Алекс Морган и Аби Мамбах.

Бразилскиот репрезентативец Нејмар ќе ја брани титулата во изборот за најубав погодок. Откако неговиот и головите на Колумбиецот Радамел Фалкао и Словакот Шток  ќе атакуваат на наградата “Пушкаш“ која се доделува за најубав гол.

Финалната церомонија и доделувањето на наградите ќе се одржи на седми јануар во Цирих.

Мх.П.