Меѓународната фудбалска федерација(ФИФА) се согласи на воведување на модерна технологија во фудбалот.

Комитетот на ФИФА за фудбалски правила(ИФАБ) одобри воведување на гол-технологија, како и воведување на пет судии. Од осум пристигнати системи на конкурсот на ИФАБ, само два добиле ’преодна’ оценка за понатамошни тестирања –’hawk-eye“ и ’goal ref’. Тестирањата траеле околу девет месеци и ИФАБ има позитивни искуства со двата система.

Светската премиера гол-технологијата ќе ја има во декември на клупското светско првенство, а доколку се покаже за оправдана, ФИФА ќе ја употреби на Купот на конфедерациите во 2013 година и на Светското првенство во 2014 година во Бразил.

Интересно е што иако ФИФА на некој начин даде ’зелено светло’ за воведување на оваа технологија, УЕФА сè уште се противи. Генералниот секретар на УЕФА Џани Инфантино предлага на натпреварите во еврокуповите да се воведат дополнителни судии кои би стоеле покрај гол линијата