Првиот човек на ФИФА, г-динот Сеп Блатер со писмо ја информираше Фудбалската Федерација на Македонија дека е една од членките на која Бирото за Гол Проект во светската фудбалска организација одлучи да и ја додели втората транша за инфраструктурни проекти во износ од 500 илјади долари.
Ова се средства кои ФФМ ќе може да ги искористи за подобрување на инфраструктурата во рамките на развојот на фудбалот во Македонија. Од ФИФА очекуваат ФФМ да продолжи со успешната реализација на нови проекти и наменското искористување на средствата од Гол проектот.
Според првиот човек на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески ова е уште едно признание за нашата федерација и важна донација која ќе овозможи заокружување на финансиската конструкција за целосно реализирање и изградба на новиот Тренинг центар :
– Сигурно дека сум почестен со оваа информација од ФИФА испратена лично од претседателот Блатер во која се вели дека ние сме една од земјите на кои веќе им се доделува и втората транша од Гол проектот што сигурно е потврда за нашата успешна активност на планот на подобрување на условите за тренинг и воопшто на унапредувањето на фудбалската игра како основен сегмент за масовност и популаризација што сигурно во иднина ќе го зголеми и квалитетот на македонскиот фудбал. Веќе се во процедура административните активности за старт на изградбата на Тренинг кампот во населбата Ново Лисиче. Со овие нови средства во износ од 500 илјади долари се заокружува финансиската конструкција за комплетна изградба и модернизација на овој прв камп од ваков вид кај нас. Наша обврска е да работиме транспарентно и отчетно пред органите на ФИФА и правилно ги искористиме овие средства со што ќе отвориме можност за користење на нови донации. Токму ваквиот чекор на Бирото за Гол проект на ФИФА е признание дека ФФМ како федерација е една од најагилните во светски рамки и токму затоа е една од првите што ја доби втората транша од Фондот за солидарност во светската фудбалска фамилија.
ГРК Охрид и Борис Ројевиќ ја продолжуваат успешната приказна Клубот го продолжи договорот со српскиот стратег за уште една година, со што Ројевиќ ќе остане на клупата на „гладијаторите“ до 2029 год...
Почетокот на сезоната во Супер лигата ракометарите на Охрид ја започнуваат со натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер на 6-ти септември Сакаме да победиме на домашен терен Натпреварот е многу...
Охрид домаќин на јубилејните 30 Републички спортски игри за пензионери, кои и годинава ги обединуваат спортот, дружењето и позитивната енергија Спортските игри се во организација на Сојузот на здру...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.