ФИФА ќе испробува видео технологија за гол-линијата
04.02.11 18:07
ФИФА наредната недела ќе испробува 10 различни видео системи кои би им помагале на судиите на фудбалските натпревари да утврдуваат дали топката ја минала гол линијата.
Претседателот на ФИФА Сеп Блатер упорно се противеше на воведување технологија која ќе ги исправа грешките на судиите, како што има во тенисот. Но притиснат од се понагласените барања се сложи на проверка на системите и доколку некој од нив задоволи, може да се случат промени на правилата на фудбалската игра на годишниот состанок на 5 март. Се предвидува и користење на одбележувачки спреј при местење на живиот ѕид, дозволување на дресови со крагни и.т.н.
На светското првенство во Јужна Африка повеќе од очигледна беше грешката на судиите кои во четвртфиналето на мечот Германија – Англија при 2-1 не му признаа чист израмнувачки гол на Френк Лампард. Се чини дека овој случај ја прелеа чашата во прилог на поборниците за употреба на видео технологијата.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...