Челниците на ФИФА искажаа загриженост за време на посетата на Бразил кога се во прашање подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во 2014 година.


Генералниот секретар, Жером Валке, без „влакна на јазикот“ изјави дека стадионите се далеку од она како што треба да изгледаат, додека во уште полоша состојба се аеродромите и инфраструктурата. „Славната Маракана не е стадион достоен за Светско првенство.

Има многу, дури и премногу, проблеми и чувствувам дека Бразил повеќе внимание посвети на тоа како да ја добие организацијата на Мундијалот, него како истиот да непречено да се организира“, рече Валке. Тој дополни дека надлежните во Бразил не обрнуваат премногу внимание на неговите зборови.

“Макфакс“