Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави извештај, кој укажува на пораст на бројот на навреди што фудбалерите ги претрпеле на социјалните мрежи за време на меѓународните натпреварувања и претстави план за дејствување.
Пет месеци пред почетокот на Мундијалот во Катар, ФИФА ги здружи силите со Меѓународниот синдикат на фудбалери (ФИФпро) „за да осмисли план за заштита на екипите, играчите, судии и навивачите од навреди на социјалните мрежи“, се наведува во соопштението за јавност.

Повеќе од половината играчи добиле навреди, кои во најголем дел пристигнале од нивни сонародници. Хомофобичните (40 отсто) и расистичките (38 отсто) коментари претставуваат мнозинство од случаите, се наведува во извештајот на ФИФА и ФИФпро.
OhridNews










