Годишната церемонија на доделување на наградите ФИФА ќе се одржи преку интернет на 17 декември поради пандемијата на коронавирусот, соопшти ФИФА.

Ќе бидат доделени награди за најдобар фудбалер и најдобра фудбалерка на годината, најдобри тренери за мажи и жени, најдобри голмани за мажи и жени и „автор“ на најубавиот гол во 2020 година. Ќе бидат избрани и машки и женски тимови на годината, добитник на наградата ферплеј и наградата на ФИФА за фанови.

Гласањето за номинациите во вкупно 11 категории ќе се одржи од 25 ноември до 9 декември.

По безбедно продолжување на натпреварите, благодарение на напорната работа и солидарноста во нашиот спорт, фудбалот обезбеди редок извор на удобност и радост за многумина. Затоа е важно за ФИФА да ги почитува ваквите достигнувања во оваа извонредна година. – соопштија од ФИФА.

Во 2019 година за најдобар фудбалер беше прогласен Лионел Меси, а за најдобра фудбалерка беше Американката Меган Рапино.

OhridNews