Во светскиот фудбалски свет на повидок е нов корупциски скандал во кој е замешан поранешниот потпретседател на ФИФА, Џек Ворнер. Англискиот весник „Телеграф“ пренесува дека Ворнер од катарска компанија добил мито од 2 милиони евра за да лобира кај три земји за мундијалот во 2022 година за кого Катар беше кандидат и ја доби организацијата.

Уште од самото доделување од ФИФА на Катар да биде домаќин на светскиот фудбалски крем почнаа шпекулациите оти е поткупено, а од ден ден се тие тези се погласни.

За добро завршената работа Ворнер добил 860 000 евра, неговиот син 540 000 евра, а еден вработен во неговата компанија 290 000 евра. Ново отворениот случај „Ворнер“ го презеде разузнувачката агенција ФБИ и го истражува поранешниот висок функционер во ФИФА кој има потекло од Трининад и Тобаго.

Покрај корупциските скандали, ФИФА ќе се соочи со проблеми и од клубовите оти Светското првенство е се поизвесно дека ќе се одигра во зимскиот период од годината, кога екипите се натпреваруваат во националните првенства.

Мх.П.