Жалбата на офанзивниот фудбалер на Фиорентина, Френк Рибери по повод изгледот на видео играта ФИФА20 вроди со плод и Французинот изгледа реално за разлика од првиот пат кога реагираше. Рибери до ФИФА20 реагираше на оригинален начин. Тој постави своја слика на својот официјален твитер профил прашувајќи ја ФИФА20 кој е фудбалерот.

 

Компанијата „ЕА Спорт“ ја прифати жалбата на Рибери и после нецел месец ја исправи грешката. Рибери изгледа како Рибери а се чека одговор од самиот фудбалер кој се пошегува на своја сметка.

„ЕА Спорт“ ги „разубави“ фудбалерите на Рома и Ајакс кои исто така реагираа за своите ликови и изгледот на дресовите и стадионот.

OhridNews