И по речиси 14 изминати години Луис Фиго не го заборави „третманот“ на каталонците кон него кога се пресели во Реал Мадрид. Тој на ждребката за 1/4 финалето од Лигата на шампиони на УЕФА присуствуваше во својство на амбасадор на неговата земја Португалија, бидејќи во Лисабон ќе се игра големото финале.

После одредувањето на паровите сите пристуни даваа свои впечатоци и изјави за двојките, а Фиго одби тоа да го направи за телевизија блиска до каталонците, порачувајќи „За Барселона никогаш“.

Мх.П.