За активирање на тарифниот модел неопходен е ваучер од 150 денари, а износот на кредитот корисникот може да го искористи за разговори во текот на целата година. Во рамки на понудата корисниците на социјална помош кои имаат потреба само од говорни услуги можат да земат бесплатна припејд фиксна телефонска линија од Македонски Телеком. За припејд тарифниот модел не се наплаќа еднократен надоместок и корисниците не се обврзани да потпишуваат долгорочен договор со компанијата.
По искористувањето на ваучерот корисникот ќе може да прима дојдовни повици во текот на една година од активирањето на последниот ваучер, а исто така ќе може да ги повикува и службите за итни повици како Полиција, Противпожарна служба, Брза помош и Центарот за известување и тревожење.
Ваучерите ќе бидат достапни во сите продажни места на Македонски телеком, а со потврда од центрите за социјална помош ќе се докажува дека лицето е примател на социјална помош.