Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој дојде во Скопје заради финализирање на пролетниот извештај на ЕК за Македонија, во своето обраќање пред Националниот совет за евроинтеграции, рече дека Македонија постигнала напредок во реформите кои се во согласност со целите на пристапниот дијалог на високо ниво и дека сега е најважно да се формира Анкетната комисија која ќе ги расчисти настаните од 24 декември, а партиите да потпишат меморандум за посветеност кон евроинтеграциските процеси.
.
Како што додаде Филе, од особено значење е Владата да го продолжи дијалогот со новинарите. Во врска со локалните избори оцени дека тие биле добро организирани, слободни и компетитивни, но има забелешки за користење на државни ресурси во кампањата и за известувањето на медиумите.

Покрај средбата со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Филе денес има средби и со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.

OhridNews