Се уште неформираната Комисија за решавање на настаните од 24-ти декември е причината поради која е разочаран еврокомесарот за проширување Штефан Филе, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Во интерјвуто за овој медиум, Филе изрази надеж дека предлогот на медијаторот Метју Нимиц ќе даде резултат, а добивањето датум за преговори зависи најмногу од земјава.

Јас сум пред сè загрижен што овој договор сè уште не е целосно имплементиран. Клучен елемент е Комисијата која треба да го истражи настанот. И кога тоа сè уште го нема јас се прашувам себе си што тоа говори за силата на демократските институции во таа земја.“ изјави во интерјвуто за „Радио Слободна Европа.“ – еврокомесарот Филе.

Во врска со преговорите за името помеѓу Македонија и Грција и добрососедските односни, Филе истакна дека се гледа интензивирање на процесот за решавање на деценискиот спор.

OhridNews