Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска апелираше до Македонија и Грција за што поскоро решавање на спорот за името, пренесува „Макфакс“.

Пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Филе ја потврди поддршката за земјите од Западен Балкан, инсистирајќи на тоа дека процесот на проширување нема да биде завршен доколку истиот не ги зафати сите држави од регионот.

Во однос на Македонија пак,Чехот останува на досегашниот став, а тоа е дека датумот за преговори зависи од решавањето на прашањето за името.

„Сметам дека е време да направиме нешто во врска со прашањето за името, време е за тоа“, изјави Филе.

За еврокомесарот, позитивниот пример на Хрватска треба да биде и јасен знак за сите други земји кои имаат аспирации да станат членки на Унијата, но тоа ќе биде возможно само доколку се исполнат сите потребни услови.

OhridNews
извор:„Макфакс“