По седумдневна турнеја , охридскиот фолклорен ансамбл „Филиграни“, во Охрид се врати со освоени бројни признанија од фестивалот „Сло Фолк“ кој се оддржуваше во словенечкиот град Ново Место, а каде охридските фолклористи настапија како специјални гости.


Охридскиот фолклорен ансамбл во рамки на фестивалот беше награден со посебна диплома за најатрактивна група, која му беше врачена од страна на градоначалникот на Ново Место.


„Филиграни” како специјален гостин на фестивалот беше избран во конкуренција од триесеттина ансамбли од балканските земји.

Како што информираат од охридскиот ансамбл, за време на турнејата во Словенија, пристигнале и конкретни понуди за настапи во Франција, Словачка и Литванија.

OhridNews