Како што информираат од ансамблот, „Филиграни“ одржал успешен настап пред 3000 публика, која три пати членовите на ансамблот ги вратила на бис. Охридскиот фолклорен ансамбл бил награден и со посебна диплома за најатрактивна група на фестивалот. Денес „Филиграни“ настапуваат во Љубљана, каде се надеваат дека ќе имаат уште еден успешен настап.

“Филиграни” како специјален гостин на фестивалот беше избран во конкуренција од триесеттина ансамбли од балканските земји.
Со учеството на „Сло Фолк“, „Филиграни“ ја започнаа турнејата која ќе продолжи со настапи во Австрија и Унгарија.
Фолклорниот ансамбл “ Филиграни” е формиран во 2010 година и работи во рамките на здружението за негување на македонскиот фолклор “Фолклор” – Охрид.












