Нема поголема среќа за капач на Водици од фаќањето на чесниот крст кој се положува во езерските води. Тоа оваа година од рака му појде на 19-годишниот Васко Довлев од Варош. Тој прими честитки од свештенството на Дебарско – кичевската епархија, од градоначалникот на Општина Охрид и претставници на локалната самоуправа, премиерот Ковачевски, но и од верниците и многубројното граѓанство, кое го проследи Богојавленскиот водосвет кај градското пристаниште.
Фаќачот на крстот во Охрид, денеска во култниот ресторан “Св. Софија” доби и специјален подарок – Филигран со македонски рубин, кој специјално за оваа прилика го изработи познатиот охридски занаетчија Митко Укоески.
Традиционално, фаќачот на крстот заедно со неговата тајфа денеска ќе ги посетат домовите на охриѓани честитајќи им го големиот празник Богојавление – Водици.
Г.М.













