Титулата од Купот во Македонија уште една сезона ќе остане во витрините во „Јане Сандански“ откако Вардар го одбрани трофејот во Куп завршницата која се одржа во Охрид.
„Црвено црните“ во мечот за титулата го совладаа лутиот градски ривал Металург (31-24). Победата им ја донесе вкупно 11-та титула во историја, инаку трета во низа.
– Заслужено го освоивме трофејот во Купот на Македонија и исто така заслужено доминираме во македонскиот ракомет. Вардар е клуб во кој најмногу се вложува во нашата земја и клуб кој има високи дострели секоја сезоната. Во Охрид одигравме две квалитетни средби прво со домаќинот, а потоа со Металург во финалето. Претпоставувавме дека противникот ќе го започне мечот јако и дрско, затоа на некој начин штедевме сили за продолжението од мечот. Нашиот квалитет излезе на виделина во финишот од првиот и почетокот од вториот дел каде ја направивме одлучувачката предност за титула. – рече капитенот на екипата, Филип Лазаров.
Задоволен од исходот од КУП викендот во Охрид беше и шпанскиот стручњак Раул Гонзалес Гутиерез кој после натпреварот со Металург во финалето, изјави: – Го скршивме нивниот отпор баш кога ние посакувавме. Во финишот од првиот и почетокот од вториот дел. После 4-5 голови предност играчите и сите размислуваме малце потрезвено бидејќи не бркаме резултат туку го чуваме. Секогаш влегуваме со голема почит кон Металург во мечевите, и затоа победите само резултаски изгледаат лесно.
КУП: Вардар за класа подобар од Металург во финалето
Фото: Талески ја расипа „црвено црната“ доминација во Охрид
Талески: Овој Металург, не е вистинскиот
Мх.П.