Поранешниот фудбалер на Охрид 2004, Митрески е трет охриѓанец по “староседелците“ Дарко Иловски и Наум Велјаноски кои на скопјани им се приклучија на почетокот од сезоната.
Првата полусезона офанзивниот фудбалер Митрески беше еден од најдобрите поединци во охридскиот состав постигнувајќи седум погодоци, затоа трансферот во Еуромилк не е случајност.
По првата етапа “млекарите“ имаат 28 бодови исто колку Руфеја и Скопје кои се наоѓаат на третата и четвртата позиција. Есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига е екипата на Гостивар со 30 бодови.