Македонскиот репрезентативец и член на Металург, Филип Талески се наоѓа пред трансфер во германскиот бундеслигаш Рајн Некар Ловен.
Добрите игри на Талески во дресот на Македонија и Металург не останаа незабележени. Тој според нашите медиуми веќе е во Германија каде треба да го официјализира трансферот меѓу „лавовите“.
Неизвесно е само дали Талески во Германија ќе се пресели во зимскиот преоден рок или пак по завршување на сезоната.
Моментално во тимот на Рајн Некар настапува Дејан Манасков, но се уште не се знае дали крилото ќе му биде соиграч на Талески следната сезона бидејќи договорот на Манасков е до крајот на оваа.
OhridNews