Кардиохирургијата „Филип Втори“ и во следите дваесет години останува закупец на просторот во скопската Градска болница „8-ми Септември“ (поранешна Воена болница), јавува „Макфакс“.

Кардиохирургијата „Филип Втори“ овој простор го доби за цена од 75 илјади евра месечно коишто ќе ги плаќа следните две децении.

Ова сума беше највисоката понудена од страна на вториот понудувач поликлиниката „Ресхумана“ од Скопје, но согласно правилата на наддавањето, сегашниот закупец „Филип Втори“ го искористи правото и се изјасни дека ја прифаќа понудената цена.

Согласно условите на огласот „Филип Втори се обврза во следните три години ќе воведе детска кардиохирургија и дека ќе располага со опрема и кадар за изведување на најмалку илјада интервенции годишно.

OhridNews
извор: „Макфакс“