Капитенот на репрезентацијата на Република Ирска, Роби Кин одбива да постави нов таргет по преминувањето на “квотата 50“ со двата постигнати гола на мечот против Македонија во Скопје.


Напаѓачот на Тотнхем беше стрелец погодоците во 7 и 38 минута, кои ја одржаа репрезентацијата на првото место на табелата во групата Б, заедно со селекциите на Русија и Словачка

Пред мечот Кин изјави дека неговата цел е да се пробие на меѓународната рекорд листа за британските и ирски играчи пред легендарниот Сер Боби Чарлтон.

Кин (30г) вели дека останува во сервис на репрезентацијата чија цела е пласман на Европското првенство во Полска и Украина.  – Не сум размислувал за моја следната цел, јас сум среќен со досега постигнато. За мене најважно е тимот да победува, тоа е тоа се што се брои -вели Кин кој дебитираше за Ирска во 1998 година.

Ирска од СП 2002 година нема учествувано на некое големо натпреварување. “Детелините“ на 2 септември ја пречекуваат Словачка на домашен терен, а четири дена подоцна гостуваат во Русија на еден од одлучувачките натпревари за пласман на континеталниот собир.

Ирска беше на чекор до сензационален триумф и пласман на СП во Јар минатата година, но во одлучувачкиот меч со Франција , “триколорите“ постигнаа гол со рака и ги елиминираа ирците.

М.П.