Маските треба да продолжат да се носат и понатаму и се уште е рано да се тргнат како мерка. Угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на бројот на посетители на една маса, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Според Филипче, сите други протоколи во однос на организација на настани се многу соодветни и треба да продолжат и понатаму да се спроведуваат.
Тој изрази надеж дека бројките ќе продолжат да се намалуваат и оти потоа ќе може да се размислува и зборува за олабавување на мерките. Посочи дека треба да продолжи и понатаму одржувањето на настани со 30 отсто исполнетост на капацитетот во затворени услови или 50 отсто надвор.
OhridNews











