Во рамките на одбележувањето на 29 февруари – Денот на ретките болести, во организација на Форумот на жени на СДСМ од Охрид и Струга, синоќа во Охрид се одржа трибината „Ги запознаваме ретките болести 2020“ ,на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Имавме одлична трибина со Форумот на жени на СДСМ Охрид и Струга и активистката на Здружението „Живот со предизвици“, Гордана Лолеска, на која дискутиравме за ретките болести. Воведовме 6 нови лекови за пациентите за ретки болести. Двојно го зголемивме буџетот за оваа намена. Во 2017 година тој изнесувал 214, а за оваа година изнесува 527 милиони денари. За првпат воведовме електронски регистар за пациентите за ретки болести, во кој се содржат сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува. – рече министерот Филипче.

Трибината “Ги запознаваме ретките болести”, е мал чекор за актуелизирање на овие теми и позитивен пример дека заедно може да ги менуваме и подобруваме работите, затоа што секој човек е важен, сите сме еднакви, велатр од СДСМ.

OhridNews