Министерот за здравство Венко Филипче на состанок со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита во однос на новите мерки за заштита од Ковид-19 кои треба да се дискутираат на утрешната владина седница.

Претставниците на синдикатот  прво побараа мерката од моментот на донесување да стапи на сила после 15 денови наместо после 10 со цел да се остават уште неколку денови за едукација на членството во синдикатите, побарано е  да бидат дадени два слободни и платени денови за вработените кои ќе се вакцинираат и последното барање е за оние кои што не сакаат да се вакцинираат, PCR тестот наместо на сопствен трошок, да биде на терет на работодавачите. Сите овие  предлози ќе бидат дискутирани на утрешната седница, истакна Филипче.

Согласно мерките, сите вработени во јавниот сектор, на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, тие кои го прележале вирусот ќе треба да приложат потврда за прележан Ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист.

Покрај ова, се предлага вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Искрено верувам дека претставниците на синдикатите ќе сфатат колку е битно овие мерки да се усвојат посебно после денешните резултати од секвенционирањето на вирусот. Четириесет и осум пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите две три недели и кај ниту еден не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот, кој прави голем број случаи и хоспитализации во сите околни земји. Што значи дека не може да го запреме тој сој на вирусот за влезе во земјата. Соочени сме со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници, рече Филипче.

Во врска со барањето на синдикатите за бесплатен брз антигенски тест или за оние кои го прележале вирусот,  наместо не постара од 45 дена да приложат потврда за шест месеци, Филипче рече дека е јасен е ставот и на Светската здравствена организација и на релевантните научни институции и организации ширум светот дека вакциналниот имунитет е тој кој долго трае и кој штити, и дека нема контраиндикација за рано вакцинирање после прележана болест.

 

OhridNews