Тринаесет патници загинаа во превртување на гостиварски автобус на автопатот Тетово – Скопје, во близина на Карпалак, информираше вечерва на вонредна прес конференција министарот за здравство Венко Филипче.

Искрено жалам, изреагиравме веднаш, сите екипи на итна помош излегоа на терен, продолжуваме да даваме помош и се надевам дека нема да расте бројот на жртви. – изјави Филипче.

Најголем дел од повредените, 25, се згрижени во болницата „8Септември“ во Скопје. Сите се со тешки повреди. Пет лица се згрижени во Ургентниот центар меѓу кои и една бремена жена.

Полицијата работи на идентификација на жртвите.

OhridNews