На еден од најпознатите филмски фестивал за кратки филмови во Југоисточна Европа „TimiShort“, што од 3 до 6 мај се одржа во романскиот град Темишвар, филмот „Матасари“ во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски, ја освои главната награда за најдобар романски филм во национална конкуренција. 


Илија Пиперкоски

-Ми претставува особена чест да се биде во конкуренција на режисери кои веќе добиле многу награди и признанија за нивните филмови. Тоа што „Матасари“ ја освои главната награда ми е особено драго, бидејќи мојот двегодишен труд, полн со компромиси и искушенија, покажа дека посветената работа и издржливоста ги кршат сите  бариери и невозможното, станува возможно. Се надевам дека за брзо и македонската публика ќе има прилика да го види моето последно филмско остварување, иајави за OhridNews, режисерот Пиперкоски.



После доделувањето на признанијата, наградените филмови беа прикажани на главниот плоштад во Темишвар каде што неколку стотици луѓе имаа можност да го погледнат и „Матасари“ на Илија Пиперкоски.


Филмот „Матасари“ на охриѓанецот Пиперкоски триумфираше на „TimiShort“ фестивалот

OhridNews