Филмот „Еден ден од мојот живот“ чиј автор е Наталија Стрезоска ученичка во ОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид ја доби првата награда на овогодишнешниот филмски фестивал „Кинофест Алгоритам 2016“, кој го организираше гимназијата „Алгоритам“ од Скопје.
-Ова е прв филм на Стрезоска во кој самостојно, на еден духовит начин, се обиде да прикаже еден ден од животот на еден ученик. Во филмот учество зедоа и други ученици кои помогнаа при снимањето и монтирањето, а ментор беше наставничката Никица Мишева, информираат од училиштето.
Филмот „Еден ден од мојот живот“ бил проследен со големо внимание од страна на публиката и освоил над 1.000 поени.
OhridNews