Центар за култура „Григор Прличев“

2021-01-29 18:00 - 2021-01-29 19:30

Филмот “Господ постои, името ѝ е Петрунија” повторно ќе биде на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид во петок, 29 јануари, со почеток во 18 часот.

Петрунија има 32 години и е навработена историчарка која живее со мајка ѝ и татко ѝ. Живеат од социјална помош и од работата што повремено ја наоѓа мајка ѝ. Петрунија одбива да се вработи во текстилна фабрика. Таа одбива да ја прифати традиционалната улога што ѝ ја наметнува општеството. Упорна е и одлучна да дојде до заокружувањето на својата идеја, без оглед на околностите.

Во филмот играат: Зорица Нушева, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Виолета Шапковска, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Илија Волчески, Стефан Вујисиќ, Андријана Колевска,Владимир Тулиев. Режијата е на Теона Стругар Митевска.

Возрасна Категорија: + 16.

Цена на карта 100 денари.

OhridNews